Вести Свет

Полска и Балтичките држави го забранија влезот на руски државјани

Балтичките земји и Полска денеска им забранија на руските државјани да влезат на нивна територија, пренесува ДПА.

Сите четири земји сега веќе не дозволуваат влез на руски државјани со шенген визи заради туризам, работа, спорт или култура.

Тие дозволуваат исклучоци за оние кои веќе имаат престој во европските земји, за политички дисиденти и од хуманитарни причини, пишува ДПА.

Заедничката одлука на четирите членки на Европската унија е реакција на руската инвазија на Украина и доаѓа откако повеќето од нив го суспендираа издавањето визи и дозволи за престој за Русите.

На руските граѓани и натаму им беше дозволено да влезат на нивна територија доколку имаат визи издадени од некои од преостанатите членки на Шенген, што истекува денеска.

Естонската премиерка Каја Калас ги повика другите земји да се приклучат на забраната.

„Мораме да ги искористиме сите достапни алатки за да ја принудиме Русија да ја прекине оваа војна“, рече таа во саботата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Sasko Dimovski

Повеќе загинати во урнат трговски центар, 40.000 домаќинства без струја – првичен биланс по силниот земјотрес во Јапонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе