Вести Свет

Зеленски: Шокиран сум од глетката во Изјум

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски при денешната посета на Изјум во Харковската област изјави дека е шокиран од тоа што го видел во градот.

Ова што го гледаме е шокантно, иако претходно го видовме во Буча, на првите деокупирани територии. Уништени згради, убиени луѓе. За жал, овие денови тоа е дел од нашата историја. Тоа исто така е дел од модерната руска нација, тоа што го направија овде, посочи Зеленски.

Изјум, неодамна беше ослободен од украинските сили. Тој е важен стратешки град во источниот дел на Украина. Москва го користеше Изјум како точка од каде испраќаше засилување на фронтот во Донбас.

Тој додаде деЍ а е убеден оти руските воени злосторници ќе бидат осудени.

Сите разбираме дека ова е тековен процес, но сигурен сум дека ќе видиме пресуди за тоа, дека судот ќе го направи своето. Во тоа не се сомневам, наведе Зеленски.

Тој изрази уверување дека сите окупирани територии ќе и бидат вратени на Украина.

Сакам да испратам порака до сите наши луѓе кои, за жал, се уште се под окупација, вклучително и луѓето на Крим. Знаеме дека нашите луѓе таму, што е огромна трагедија, се под окупација повеќе од осум години. Ние ќе се вратиме во Крим. Не знам точно кога, но имаме планови, истакна Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Ризикот од бран постапувања останува висок

Kristina Kuzmanovski

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе