Вести Култура Свет

Почина легендарниот француски режисер Жан-Лик Годар

На 91-годишна возраст почина филмскиот режисер Жан-Лик Годар, кој беше на чело на револуционерниот француски Нов бран на кинематографијата.

Годар ја одбележа европската и светската филмска уметност на повеќе начини. Беше еден од основачите и најзначајните претставници на францускиот т.н. Нов бран и негов најрадикален претставник. За Годар и за целата генерација на која ѝ припаѓаат великаните Франсоа Трифо, Клод Шаброл, Жак Риве – филмот беше најзначајниот феномен во уметноста. За нив, „филмот е сè, и сè се врти околу филмот“, како што самиот Годар рече во една прилика.

Во неговите ремек-дела, што ги создаде особено во 60-тите и 70-тите, спаѓаат „До последниот ден“, кој му ги претстави Жан Пол Белмондо и Жан Себер на светот, „Жена е жена“, „Живеј го својот живот“, „Малиот војник“, „Карабињери“, „Презир“, „Лудиот Пјеро“ и многу други остварувања што влегоа во светските филмски антологии.

Годар радикално ги изразуваше своите егзистенцијалистички и политички ставови, критикувајќи ја и холивудската филмска индустрија и бирократските системи кои често ги задушуваат граѓанските слободи во име на демократијата, потоа – репресивните режими, па и капитализмот, што понекогаш „прави робови од луѓето“… Во неговите филмови, јавни настапи и текстови објавени во највлијателните филмски списанија, Годар смело и бескомпромисно ги отвораше овие табу-теми, па со десетлетија важеше за еден од јавно најангажираните интелектуалци.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Планот „А“ за Македонија останува – исполнување на уставните измени

Дејан Дејан

Во странство моментално се лекуваат 15 повредените од пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Пратеничката група на „Вреди“ се подели на две и сега ќе брои девет пратеници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе