Вести Македонија Топ вести

Официјална Софија јавила дека има кртови во македонската администрација но не и кои се тие

Македонските институции се обидуваат да го утврдат идентитетот на државните службеници кои се обидувале да го минираат процесот со Бугарија и со тоа и евроинтеграциските процеси на државата и да ги лоцираат во кои институции работат и дали имаат пристап до доверливи информации.

Нема инфромација дали станува збор за организирана група со хиерархија или пак поседици кои се водат од лични или лукративни побуди.

Истрага е отворена но резулати засега нема или пак не се соопштуваат во јавноста.

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, сега појасни дека официјална Софија му соопштила дека има кртови во македонската администрација кои агитираат но не и кои се тие и со кого контактирале во Бугарија.
Неодговорени се и прашањата дали тие имале контакти со протераните руски дипломати или припадниците на безбедносните служби во Бугарија кои се притворени под сомнение за шпионажа во корист на Руската федерација.

Османи, пред петанесетина дена, најави елементите и струите во Македонија и во Бугарија кои се обидуваат да го држат отворен спорот ќе бидат уште поактивни како што ќе се наближува решението во преговорите.

Премиерот Ковачевски кажа дека ја добил информацијата заедно со министерот Османи и дека е проследена е до безбеносните служби и превземени се конкретни мерки и чекори.

Кои се тие чекори и мерки од Владата не откриваат бидејќи како што кажаа станува збор за класифицирани информации.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе