Вести Македонија

Да не се чепка Уставот пред почетокот на преговорите со ЕУ, вели д-р Малинка Ристевска Јорданова

„Единствено доколку Бугарија се откаже од претходните позиции, па се преговара за нешто ново би можело да се разговара за некаков нов исход. Доколку не се повлечат од своите позиции, тоа значи дека тие го негираат нашиот идентитет“, вели д-р Малинка Ристевска Јорданова – член на Управниот одбор на Институтот за европска политика – Скопје.

Јорданова смета дека не треба да се отвора Уставот пред почетокот на предпристапните преговори со Европската Унија.

„Зошто НЕ отворање на Уставот сега, на почетокот. Затоа што Бугарија сега тоа го бара како нејзино барање кон нас и Европската унија не може да каже значи не може да влезе во тоа за да направи преседан, не може да влезе не само од нормативни причини туку и од практично-политички причини не може да направи таков преседан и да каже ќе ги внесете Бугарите во Уставот или ние сме гарант за тоа. Значи единствен начин на кој што Бугарија може да го постигне тоа е ние самите, доброволно да си го смениме Уставот“, смета Ристевска Јорданова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Sasko Dimovski

Повеќе загинати во урнат трговски центар, 40.000 домаќинства без струја – првичен биланс по силниот земјотрес во Јапонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе