Целосна блокада на туристичко Берово ќе се случи за Велигденските празници, доколку до четврток не се оствари средба со претставници на министерстввата, на која што ќе им се појасни на жителите како во услови на заштитено подрачје во Малешевскиот регион ќе можат да се екслопатираат приватните шуми, но и да се одледуваат земјоделски производи.
Сопствениците на имот во заштитеното подрачје „Малешево“ не отстапуваат од своите барања за иземање на нивните ниви и шуми од опфатот на заштита.
Малешевци сметаат дека нивното барање е легитимно, бидејќи 1.500 семејства егзистираат од приватните шуми.
Четири месеци пиланите немале материјал, а работниците и во услови на загуби добиваат плата. Забележуваат дека законот за шуми јасно ги заштитува зелените појаси.
Беровскиот градоначалник најави дека ќе ги повика сите надлежни институции за да се отстранат нејаснотии, по што и тие како локална власт ќе носат одлука.
Сопствениците на имот во „Малешево“ минатата недела три часа го блокираа регионалниот пат Берово-Делчево.
Барањето малешевскиот регион да се тргне од заштитено подрачје ќе го достават и до Владата.
Во заштитеното подрачје се околу 12.000 хектари на шуми, пасишта и земјоделско земјиште, кои според малешевци околу 70 % се во приватна сопственост.
Викторија Јованова
