Вести Македонија

Мицкоски: Немаме информации што се преговора со Бугарија

Немам информација што има во тој нон пејпар. Имаме само определени шпекулации кои што или ги дознаваме од медиумите или од канали кои што се неофицијални, но тоа се нерелевантни информации кои што доаѓаат до нас, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали како опозиција знаат што точно содржи новиот нон пејпар за преговори со Бугарија.

Мицкоски рече дека „се срами од тоа што го прават на граѓаните на Македонија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој, како што рече, прифаќа договор кој веќе еднаш е одбиен.

Навистина се срамам од ова што го прават Ковачевски и Османи на граѓаните на Македонија. А она што го направи Османи прифаќајќи договор кој што веќе е добиен неколку месеци претходно, веќе не е ни домат дипломатија, ова просто се граничи со нешто што е уште пониско од таа домат дипломатија. Се срамам што граѓаните плаќаат практично пари на ваков тип политичари да земаат плати и да уживаат привилегии на грбот на народот кој што едвај крај со крај во овие кризни времиња врзува. Навистина е недолично за еден министер за надворешни работи да прифаќа предлог кој што, како што кажуваат од бугарската страна, тие пред три месеци веќе го одбиле. Тоа е исто како да зборуваме за ланскиот снег, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека однесување на власта во однос преговорите со Бугарија покажува комплетна деструкција и уништување на процесот и на тој начин директно ги загрозуваат шансите, македонскиот народ и на сите граѓаните во државата да добијат можност да ги отпочнат преговорите со Европската унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Ризикот од бран постапувања останува висок

Kristina Kuzmanovski

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе