Локални избори 2021

Герасимовски: Нудам конкретни решенија за урбанизмот, хигиената и проблемите со паркирањето

Постои суштинска разлика меѓу мојата и програмата на мојот противник, а тоа се конкретните решенија кои ги нудам за трите клучни проекти сообраќајот, хигиената и урбанизмот, рече Горан Герасимовски во вечерашното гостување на „24 Анализа“ на Тв 24.

„Тој рече дека Моите три клучни пораки и проблеми коишто планираме првично да ги градиме тоа е доволно паркинг места со конкретен број на паркинг места и конкретни места каде што ќе се градат истите и секако хигиената на повисоко ниво, а тоа е со поврзување на комуналното претпријатие ПОЦ со дополнителен сектор со комунална хигиена каде што ќе го зголемиме бројот на вработени и опрема  за да ја подигнеме хигиената“, изјави Герасимовски.

Герасимовски потенцираше дека нема да отстапи од хуманата урбанизација и ќе се залага за побрзо донесување на ДУП-овите со кои наместо габаритни градби ќе ума градинки, училишта, културни центри и ново зеленило. За сообраќајот Герасимовски рече дека ќе обезбеди резидентни паркинзи за станарите до Центар.

Тој исто така зборуваше дека ќе работи исклучиво само во интерес на граѓаните и затоа секојдневно ќе одвојува по еден час само за нив. Мојата цел е рече Герасимовски општината целосно да биде отворена за граѓаните, да има контакти да слуша и постапува по барањата и проблемите и тоа да се види во првите 100 дена од мандатот. Само така ќе се врати довербата кај граѓаните, општина Центар треба да стане модерна и урбана со проекти во полза на граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Според пописот во државата има помалку од 1,5 милион гласачи додека во избирачкиот список има над 1,8 милион. Еве зошто?

Дејан Дејан

Максим Димитриевски останува член на СДСМ

Дејан Дејан

Советниците од општина Штип ќе потпишан нови изјави, но ќе се жалат и на второстепена комисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе