Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Максим Димитриевски останува член на СДСМ

СДСМ му прости на Максим Димитриевски за независната кандидатура за градоначалник на Куманово. Тоа може да се заклучи од изјавата на генералниот секретар Љупчо Николовски, кој во телевизиско интервју најави дека партијата ќе се обиде да го врати Димитриевски во своите редови.

СДСМ ќе влезе во постапка, во која верувам врз база на сите дискусии кои сме ги имале по изборите – ќе извлечеме поуки, ќе донесеме многу одлуки. Ние сме единствената инклузивна отворена коалиција во која на позиции се и луѓе кои не се партиски членови, а добиле чест и одговорност да се носат со тие позиции. СДСМ се менува и победува со отстранување на детектираните слабости, вели Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Градоначалникот на Куманово веднаш одговори дека никој не може да го враќа во партија од која никогаш не излегол. Посочи дека врз него имало притисоци токму од луѓе што се нарекувале негови сопартијци и дека нема простор за договор со такви кои излегле од начелата на СДСМ и користеле „груевистички методи“.

На СДСМ му се неопходни радикални промени и трансформации по вертикала и хоризонтала и начинот на практикување на власта, елиминација на лукративно-клиентелистичкиот пристап, кои треба да бидат заменети со вистински државотворни политики базирани на идеологија во која граѓанскиот ќе биде пред партиско-личниот интерес, смета Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово на Фејсбук.

Димитриевски и СДСМ се разијдоа кога тој објави независна кандидатура за градоначалник. Според партискиот статут, тоа е основа за исклучување. Партиското раководство објави дека тоа ќе биде спроведено, но Централниот одбор никогаш не донесе таква одлука. Со тоа, и покрај тешките зборови упатени во кампањата, Димитриевски се уште е член на партијата. Новата понуда на СДСМ е – помирување наместо исклучување.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

ДИК ги објави првите официјални резултати од претседателските и парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе