Вести Локални избори 2021 Македонија

Независниот Милосим Војнески се откажа од втор круг во Македонски Брод и борба против кандидатот од неговата матична ВМРО-ДПМНЕ, претходно беше обвинет со Антонио Милошоски во Моќник, но му застаре делото

Милосим Војнески кој се пријави како независен кандидат за градоначалничките избори во Македонски Брод се повлече од вториот круг каде влезе заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Жарко Ристоски. Војнески во првиот круг освои 705 гласови и беше втор со само три гласа повеќе од Ивица Стојкоски од СДСМ. Денеска соопшти дека се откажува за да нема нови делби во Македонски Брод и потврди дека неговата матична партија е ВМРО-ДПМНЕ.

-По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес. Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка, напиша Војнески на ФБ.

Милосим Војнески како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја вршеше градоначалничката функција во Македонски Брод до 2017-та година. Војнески беше обвинет во случајот на СЈО, Моќник заедно со пратеникот Антонио Милошоски за злоупотреби при продажба на објект во селото Ижиште.

Случајот застаре по контроверзните измени на Кривичниот законик во 2023-та година во делот со намалувањето на казните за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба“. Дополнително застаре и процесот за делото измама.

Војнески поради тоа можеше да се кандидира, а откако ВМРО-ДПМНЕ не го предложи, тој се кандидираше како независен и влезе во вториот круг.

Изборниот законик не препознава откажување на кандидат и неговото име повторно ќе се најде на гласачко ливче. Во вториот круг победува кандидатот кој освои повеќе гласови без разлика на излезноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе