Централното претседателство на Алијанса за Албанците му дало одврзани раце на лидерот Зијадин Села, заедно со потесното претседателство да ги продолжат преговорите со другите партии и пратеници на помалите партии коишто покажале спремност да бидат дел од новото парламентарно мнозинство, кое понатаму ќе го избере и новиот состав на Владата.
Ова се наведува во соопштението од партијата, по состанокот на Централното претседателство во Тетово. Села ги информирал членовите на претседателството за деталите од последните состаноци кои се одржуваат во врска со формирањето на новото парламентарно мнозинство.
Села се сретнал со сопартијците по неговиот денешен состанок во Собранието со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.