Вести Најважни Свет

Унгарските партии ја затворија кампањата пред утрешните парламентарни избори

Унгарија на раскрсница пред  утрешните избори. По 16 години на власт, партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан има пред себе серизен прдизвикувач – Петар Маѓар од централно десничарската партија Тиса. Повеќето анкети деновиве ја ставија Тиса во предност пред Фидес.

Во завршницата на кампањата, Плоштадот на хероите во Будимпешта вчера вечер беше преполн за време 7 часовен концерт организиран од Движењето за граѓански отпор на кој настапуваа над 50 бендови. Покрај звуците на музиката можеа да се слушнат и антивладини скандирања. Младите луге испратија порака дека е време за промена

Живееме во Австрија и би сакале да се вратиме дома и да ја планираме нашата иднина дома, што во моментов е безнадежно и длабоко тажно. Тоа е мојата главна мотивација. Би било подобро да живееме во подеднакво среќна и избалансирана заедница тука во Унгарија како што е во странство, изјави Ноел Иван, жител на Будимпешта.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера вечер од предизборен настан од градот Секесфехервар порача дека парите на Унгарија ќе завршат во рацете на Украина ако проукраинска партија победи на изборите во недела.

Постојат тешки времиња кога не треба да правите промени, бидејќи безбедноста е единствениот добар избор. И ние живееме во такви времиња сега, а само Фидес е безбеден избор. Ве молам да гласате за безбедност во недела, рече Орбан.

Владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан ја стави безбедноста како  централна тема во својата кампања, расфрлајќи се со обвинувања за воената незаситност на Украина. За опозицискиот лидер Маѓар, овие избори се референдум за местото на Унгарија на светската сцена.

На парламентарни избори право на глас имаат над 8,1 милион граѓани, соопшти Националната изборна канцеларија. Според податоците, околу половина милион унгарски државјани кои живеат во странство, најмногу во Романија и Србија, ќе можат да гласаат и по пошта. Гласачките места се отвораат во 6:00 часот, а се затвораат во 19:00 часот, додека изборниот процес се одвива во 106 изборни единици. На овие избори се избираат 199 членови на Националното собрание.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија ја очекува најжешката недела од летото – температурите следната недела ќе достигнат до 45°C

Дејан Дејан

Претседателот на Унгарија поднесе оставка откако парламентот го поддржа неговото разрешување

Дејан Дејан

САД и Иран разменија напади откако двајца американски војници беа убиени во Јордан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе