Унгарија на раскрсница пред утрешните избори. По 16 години на власт, партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан има пред себе серизен прдизвикувач – Петар Маѓар од централно десничарската партија Тиса. Повеќето анкети деновиве ја ставија Тиса во предност пред Фидес.
Во завршницата на кампањата, Плоштадот на хероите во Будимпешта вчера вечер беше преполн за време 7 часовен концерт организиран од Движењето за граѓански отпор на кој настапуваа над 50 бендови. Покрај звуците на музиката можеа да се слушнат и антивладини скандирања. Младите луге испратија порака дека е време за промена
Живееме во Австрија и би сакале да се вратиме дома и да ја планираме нашата иднина дома, што во моментов е безнадежно и длабоко тажно. Тоа е мојата главна мотивација. Би било подобро да живееме во подеднакво среќна и избалансирана заедница тука во Унгарија како што е во странство, изјави Ноел Иван, жител на Будимпешта.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера вечер од предизборен настан од градот Секесфехервар порача дека парите на Унгарија ќе завршат во рацете на Украина ако проукраинска партија победи на изборите во недела.
Постојат тешки времиња кога не треба да правите промени, бидејќи безбедноста е единствениот добар избор. И ние живееме во такви времиња сега, а само Фидес е безбеден избор. Ве молам да гласате за безбедност во недела, рече Орбан.
Владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан ја стави безбедноста како централна тема во својата кампања, расфрлајќи се со обвинувања за воената незаситност на Украина. За опозицискиот лидер Маѓар, овие избори се референдум за местото на Унгарија на светската сцена.
На парламентарни избори право на глас имаат над 8,1 милион граѓани, соопшти Националната изборна канцеларија. Според податоците, околу половина милион унгарски државјани кои живеат во странство, најмногу во Романија и Србија, ќе можат да гласаат и по пошта. Гласачките места се отвораат во 6:00 часот, а се затвораат во 19:00 часот, додека изборниот процес се одвива во 106 изборни единици. На овие избори се избираат 199 членови на Националното собрание.
Елена Ивановска Мукоска
