Вести Македонија

Нов археолошки локалитет кај тетовско Стенче – најдени монети и керамика од 4 век

На само еден метар длабочинско копање во една од плодните ниви кај тетовското село Стенче најден е археолошки локалитет.

Откриени се керамички садови и монети кои според првичните сознанија потекнуваат од 4-тиот век.

Археолошкото богатство е најдено случајно при изведба на градежни работи за ископ на канал за поставување на кабли, мината година.

По проверката на најдениот материјал, стручните лица од Музеј на тетовски крај почнале археолошки проект , а на терен се работи изминатите десетина дена.

„Како се симнавме подлабоко негде на скоро еден метар. Се отвори и се открија остатоци од една доцно античка куќа. Доцноантичката куќа ја потврдивме со подно ниво.  И со големо количество на керамика доцноантичка карактеристична е таа една сива македонска така се нарекува од тој период керамиката и дополнително на подот откривме и неколку монети коишто ни го потврдија егзистирањето на куќата, негде средина на 4 век од новата ера“ – изјави Игор Толевски, археолог-кустос во НУ Музеј на тетовски крај.

Ова е трето археолошко наоѓалиште во селото Стенче кое припаѓа на руралната општина Брвеница, на планината Сува Гора.

Двете наоѓалишта се истражуваат  веќе подолг период.
„Едниот е исто неолитски локалитет под село, Тумба стенче, каде што е откриена карактеристична форма на жртвеник, антропоморфен. Вториот локалитет коишто се истражува е над селото горе, е тврдината Градиште или Граиште којшто потекнува од периодот на исто доцната антика“
– додава Толевски.

Откриената доцно-античка базилика со три крстилници на тврдината Граиште според археологот, сведочи за постоење на моќен и голем ранохристијански центар во тој период во овој регион.

Aлександар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

За 24 часа – 260 нови пациенти побарале помош во гостиварската болница

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе