Вести Македонија Топ вести

Вестерн сцени во Крива Паланка: Семејство ги брка кравите по ридовите за да ги „спаси“од инспекторите на АХВ

Вистинска „вестерн“ приказна денеска се одвиваше во Крива Паланка. Кравите што со месеци слободно шетаат низ кривопаланечкиот регион сè уште не можат да бидат скротени.

Екипите на Телма од терен ја пренесоа драматичната атмосфера – инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) се обидуваа да ги приберат животните, додека нивните сопственици ги бркаа по планината за да спречат тие да бидат одземени.

Меѓу најгласните беше Јулија Ѓорѓиевска, ќерка на сопственикот која викајќи по кравите се обидуваше да ги оттурне од инспекторите и да ги протера кон ридовите. По неа трчаше и службеник, кој безуспешно се обидуваше да ја сопре.

И покрај акцијата, кравите и понатаму слободно се движат низ кривопаланечко. Од вкупно околу 500 грла, денеска беа заловени само десетина. Дел од нив беа натоварени од помошниот објект кај градскиот базен.

Акцијата не помина без тензии. Ќерките на сопственикот влегоа во директна конфронтација со службените лица и ги бркаа животните по ридовите во обид да ја спречат интервенцијата. Во еден момент, екипите на АХВ беа и физички попречени, по што дојде до турканици со членовите на семејството.

Сопственикот Гоце Ѓорѓиевски тврди дека нема проблем со институциите, но бара кравите да бидат соодветно згрижени и чувани, бидејќи тие ги чуваат веќе 30 години.

Настанот го следи репортерката Симона Петровска

Обвинение за таткото и двете ќерки кои спречиле службеници да одземат крави во Крива Паланка

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе