Балкан Вести Топ вести

Урсула фон дер Лајен до Вучиќ: Србија мора да ја заврши својата домашна задача, односно спроведување на Охридскиот договор

Претседателката ЕК, Урсула фон дер Лајен ја заврши својата балканска турнеја со денешната посета на Белград. По средбата со државниот врв на Србија рече дека руската војна во Украина доведе до длабока геополитичка промена, а Европската Унија на врвот на својата агенда, ја има темата за проширувањето. На Вучиќ му порача дека Србија мора претходно да ја заврши својата домашна задача, односно дека мора да започне со имплементација на актуелните договори од дијалогот со Косово и да не се губи време со тоа.

На прашањето што значи ‘де факто’ признавање на Косово од страна на Србија, за што еден ден порано таа зборуваше во Приштина, Лајен речи дека се работи за спроведување на Охридскиот договор.

  • Руската војна во Украина доведе до длабока геополитичка промена. А со турбуленциите што ги гледаме денес, исто така, факт е дека Европската Унија, како што реков на врвот на својата агенда, ја има темата за проширувањето. Мораме да се подготвиме за проширување, а земјите-членки, кои се земји кандидати, треба да се подготват и земјите кои се земји кандидати за проширување. Затоа сега има поместување, моментум, кој треба да го искористиме, бидејќи покажува многу позитивен став кон тоа како можеме да го оствариме тоа, да имаме проширување на земјите кои се во пристапниот процес? Значи, мојата порака е во основа двојна, ајде да ја завршиме домашната задача, ве молиме направете ја вашата домашна задача и ајде да се подготвиме и да го искористиме моментот за навистина да направиме значителен чекор напред во процесот на проширувањето, рече Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија во Белград.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каде завршија дел од парите од луксузниот апартман на Тито- МВР му пиша пријава на Фрчковски, тој вели комична пријава од незнаење и за притисок

Дејан Дејан

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе