Вести Свет Топ вести

Уапсен Милан Радоичиќ – одреден му е притвор од 48 часа

Поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за нападот на косовската полиција во Бањска, денеска е уапсен. Одреден му е 48-часовен притвор.

„Полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршија претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ, кому му е одреден притвор од 48 часа“,

соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Минатата недела Радоичиќ одговори на поканата на државните органи на Србија и во придружба на својот адвокат во својство на граѓанин даде изјава за околностите за трагичниот настан во Бањска.

Неколку дена претходно, претседателот Александар Вучиќ изјави дека Радоичиќ е во Србија и ќе биде сослушан.

Откако официјална Приштина го обвини за учество и организација на нападот на косовската полиција, Радоичиќ преку својот адвокат призна дека го организирал и учествувал во нападот во селото Бањска, но како што кажа без да знае официјален Белград.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе