Вести Македонија Најважни

Православните христијани го слават Велигден

Христос Воскресе! Навистина Воскресе !

Со овој радосен поздрав православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение.

„Господ Исус Христос по тринеделното престојување во гробот воскреснува и на сите им дарува живот вечен. Впрочем со воскресението Христово секоја човечка душа добива можност за вселување во рајот и во царството небесно и со самото тоа на некој начинкај сите луѓе предизвикува едно чувство на радост, на славење, прослава на животот над смртта итн и токму поради тоа се наоѓаме денес во најсветол и најубав празник, ние треба да ја почувствуваме таа благодет од Бога, да ја почувствуваме таа радост која не обзема сите поради големината на празникот и токму поради тоа треба да се замислиме сите нели во животот дали навистина го следиме Господ Исус Христос со нашите дела, со нашите постапки, верувања и ако не тогаш да се  свестиме и да се разбудиме духовно и да си помислиме ако Господ Исус Христос можеше заради сите нас да постарди и да ни покаже добар пример на љубов, на пожртвуваност , смирение на почит, на добри дела правење помеѓу другите тогаш и ние да го земеме неговиот пример и да направиме добрини, да се сакаме еден со друг, да се почитуваме и на овој убав ден да си простиме меѓу себе, да си подадеме рака“, рече Отец Антонио.

Утрово, на првиот ден од Велигден, во сите православни храмови се одржаа воскресни литургии. Храмовите беа преполни, а верниците упатуваа искрени честитки и желби за здравје, мир и благосостојба.

Христовото Воскресение е нешто најубаво што можеше да ни се случи. Порака кога би имале малку, еден посто од неговата човечност убав би бил светот за живеење“.

„Велигден е многу убав празник сите се радуваме со црвените јајца. Господ нека ни дава на сите здравје,мир во животот, на сите млади успех во животот“, велат граѓаните.

Во Велигденското послание поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан вели дека со денешниот празник се исповеда целата суштина и смислата на Христијанството која би била празна без воскресението на Христос. Порача дека радоста и светлината што ја носи победата на животот над смртта не им се дарувани само на Христијаните туку на целото човештво.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Опход околу соборниот храм „ Свети Климент Охридски“, придружуван од радосните црковни ѕвона и читање на евангелието според Марко од архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан.

Јајцето е најпопуларниот симбол на најсветлиот христијански празник. Традиционално пред Велигден во секој дом се вапсуваат јајца кои го симболизираат воскреснувањето и почетокот на нов живот.

Велигден се празнува три дена. Верниците се поздравуваат со Христос Воскресе. Навистина воскресе се до Спасовден кој паѓа на 40тиот ден по Велигден.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈО Гостивар – Одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена по добивањето на резултатите од испитувањата на примероците од водата во гостиварскиот водовод

Дејан Дејан

Русија изврши голем балистички ракетен напад врз Киев – најмалку едно убиено лице и 14 повредени

Дејан Дејан

Шпанија ја очекува најжешката недела од летото – температурите следната недела ќе достигнат до 45°C

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе