Вести Македонија Топ вести

Студенти Албанци протестираат за да полагаат правосуден на албански, а не на македонски јазик

Полагање на правосуден испит на албански јазик или продолжување на протестите. Ова е пораката која ја испратија студентите Албанци кои студираат правни науки на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), универзитетот „Мајка Тереза“ и Југоисточна Европа.

Студентите го почнаа протестот од плоштадот „Карпошово востание“ и завршија пред министерството за правда, каде побараа и оставка од министерот Филков. Обраќањата беа исклучиво на мајчиниот албански јазик, а државното знаме не беше меѓу развиорените на протестот.

Претставници на студентите пред две години поднеле барање, но тоа било одбиено од надлежното министерство за правда. Оттаму посочуваат дека станува збор за стручен испит, а не управна постапка, а правосудниот испит претставува клучен предуслов за влез во судството, јавното обвинителство, адвокатурата, каде законите предвидуваат услов за активно познавање на македонскиот јазик.

Присутни на протестот беа дел од пратениците од албанскиот опозициски блок кои отворено дадоа поддршка, додека премиерот вчера кажа дека се работи на решавање на проблемот и побара студентите да не бидат инструментализирани од ДУИ.

Поддршка на студентите, но не и на протестите, дадоа чаирскиот градоначалник Изет Меџити кој смета дека Законот за употреба на јазиците е половичен закон и мора да се доработи за да се избегнат вакви ситуации, како и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Народниот правобранител Фатон Сељами соопшти дека е отворен предмет, бидејќи според постоечките закони правосудниот, нотарскиот и испитот за проценител може да се полага само на македонски јазик.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе