Најважни Спорт Фудбал

Крај на мундијалскиот сон: Данска ја надигра Македонија во Копенхаген

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 4-0 на гостувањето кај Данска во Копенхаген и остана без пласман на Светското првенство во 2026 година. Во вечерашниот полуфинален бараж натпревар, нашата селекција беше надиграна од домаќинот, кој заслужено се пласираше во финалето и сега е на чекор до настап на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Македонија успеа да одолее во првото полувреме, пред сѐ благодарение на сигурниот Столе Димитриевски на голот. Данците доминираа во текот на сите 45 минути, но најчесто се закануваа со удари од далечина, кои нашиот голман успешно ги одбрани, како и неколкуте обиди во шеснаесетникот.

Данска фуриозно го отвори второто полувреме и поведе во 49-тата минута преку Микел Дамсгард. Само десет минути подоцна следуваше клучниот период од натпреварот – Густаф Исаксен со два експресни гола во 58-та и 59-тата минута зголеми на 3-0. Конечниот резултат го постави Кристијан Норгард во 76-тата минута.

Ова беше горчливо деби на клупата за новиот селектор Гоце Седлоски, кој ќе се надева на подобро издание на дуелот во вторник против Република Ирска, која вечерва на пенали загуби од Чешка во Прага.. Натпреварот нема резултатско значење и ќе послужи како своевиден пријателски тест.

Фото: Фудбалска федерација на Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈО Гостивар – Одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена по добивањето на резултатите од испитувањата на примероците од водата во гостиварскиот водовод

Дејан Дејан

САД и Иран разменија напади откако двајца американски војници беа убиени во Јордан

Дејан Дејан

Пикот на заболените е достигнат, што е контаминирано во Гостивар – водата или храната?

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе