Петкратниот шампион во санкање со кучиња од Гренланд, Јорген Кристенсен, предупредува дека климатските промени сериозно ја загрозуваат вековната инуитска традиција.

Во градот Илулисат, околу 300 километри северно од Арктичкиот круг, оваа зима речиси и да нема снег и морски мраз, што го оневозможува движењето со санки.

Наместо по замрзнато море, Кристенсен сега вози по гола земја и карпи. Зголемените температури предизвикуваат топење на снежната покривка и мразот, оштетување на инфраструктурата и повлекување на глечерите.

Освен климатските последици, топењето на мразот отвора и геополитички прашања поради можните наоѓалишта на минерали.
Дел од жителите сметаат дека токму тоа стои зад интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за островот.

Кристенсен предупредува дека со замирањето на традицијата на санкање со кучиња се губи голем дел од културниот идентитет на Гренланд и повикува на поголема едукација на младите за значењето на мразот и океаните.
Б.С.
