Вести Свет

Илијана Јотова ја презеде претседателската функција во Бугарија

Илијана Јотова стана првата жена претседател на Бугарија, откако Уставниот суд и официјално ги запре овластувањата на Румен Радев поради неговата поднесена оставка.

Јотова му се заблагодари на Радев, кој беше шеф на државата од 2017 до 2026 година за деветгодишната заедничка работа, нагласувајќи дека останале доследни на заложбата за работа во интерес на граѓаните и Уставот.

„Благодарам што девет години бевме заедно и го одржавме нашиот најважен завет – да работиме единствено за интересите на бугарските граѓани со одговорност кон бугарскиот Устав“, изјави Јотова, пренесува БТА.

Таа најави дека и во иднина ќе продолжи да работи со истата сила, храброст и разум за доброто на Бугарија.

Од своја страна, Радев ѝ се заблагодари за професионалноста и посветеноста во текот на неговиот мандат.

Радев беше испратен преку свечениот влез на претседателството од страна на Јотова, која веднаш ги презеде државничките обврски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈО Гостивар – Одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена по добивањето на резултатите од испитувањата на примероците од водата во гостиварскиот водовод

Дејан Дејан

Русија изврши голем балистички ракетен напад врз Киев – најмалку едно убиено лице и 14 повредени

Дејан Дејан

Шпанија ја очекува најжешката недела од летото – температурите следната недела ќе достигнат до 45°C

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе