Вести Македонија Најважни

Арсовска-Манов: До крај на месец „Сејф сити“ во Куманово и Тетово – од следна година на територија на цела држава

Началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР објасни дека „Безбеден град“ засега функционира на цела територија на Град Скопје.

„Активиран е електронскиот систем за детектирање на сообраќајни прекршоци, до крајот на месецот планираме да се активира истиот систем и во градовите Куманово и Тетово, а веќе од следната година истиот систем ќе биде имплементиран на територија на цела држава“, објасни м-р Маја Арсовска-Манов, Началник на Сектор за сообраќајни работи во МВР.

Таа дополнително посочи дека во момент нема статистиката, бидејќи секојдневно се добиваат  пријави од граѓаните.

„Не би можеле веднаш да калкулираме. Како што како граѓаните пријавуваат дефекти и неисправности на системот на камерите, така веднаш екипите излегуваат и ги поправаат. Мал е периодот за да излеземе со статистика и да кажеме добро е, се намалува, треба време“, додава Арсовска-Манов.

Опремата е поставена и на Коридорот 8 и 10 и во секој момент се очекува да започне детектирањето на сообраќајните прекршоци и таму.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шпанија ја очекува најжешката недела од летото – температурите следната недела ќе достигнат до 45°C

Дејан Дејан

Претседателот на Унгарија поднесе оставка откако парламентот го поддржа неговото разрешување

Дејан Дејан

САД и Иран разменија напади откако двајца американски војници беа убиени во Јордан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе