Вести Македонија Топ вести

Телма работи независно и објективно, а Нанев не може да го одредува начинот на информирање

Телма телевизија до Судски Совет денеска испрати допис како реакција на вчерашното излагање на судијата Лазар Нанев кој при расправата за барањето за утврдување на негова одговорност упати обвинувања до нашиот медиум. Нанев изјави дека Судскиот совет вршел непосредно влијание врз медиумите, а како пример ја посочи Телма, бидејќи имала видео линк пред Основниот суд Кавадарци додека Комисијата за надзор на работата на судовите при Министерството за правда вршеше контрола на неговата работа.

Нанев тврди дека видео линкот бил резултат на јавувањето на член на Судскиот совет до уредникот на телевизија Телма.

На денешната седница на Судски совет беше прочитан дописот на Телма. Во него беше наведено дека телевизија Телма ја информира јавноста објективно и независно и со професионални правила на новинарската професија.

„Слободата на медиумите е загарантирана со Уставот, а  господинот Нанев при остварување на своите институционални службени функции не може да го одредува начинот на информирање на јавноста и техничкиот избор на примање и на пренесување на информации. Ваквите изјави доведуваат до директно рушење на угледот на дејноста, на работењето на Телма, угледот и честа на мојата општествена дејност како новинар, како управител и како главен и одговорен уредник. Самостојноста и независноста на медиумите треба да бидат ослободени од било какво непосредно влијание при креирањето на новинарски содржини базирани на факти и вистини и со јавна одговорност“, наведе во дописот директорката и главен и одговорен уредник на Телма, Снежана Лупевска Созен.

Кавга и меѓусебни обвинувања на Дамева и Нанев на седницата на Судски совет

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загина едно лице во напад на руски дрон врз Одеса

Дејан Дејан

Иран негира дека учестувал во наводен заговор за атентат врз Трамп

Дејан Дејан

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе