Останато Спорт

Иџе и покрај проблемите финишираше на 4.место во Словенија

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои четвртото место на претпоследната сезонска трка што се одржа во Словенија во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки на ФИА.

Иџе беше трет по првата трка на Илирска Бистрица, а под знак прашалник беше неговиот настап на втората трка поради бизарен инцидент. Македонецот се пожали дека неговиот тим бил ограбен и недостигал дел од алатот за промена на гумите.


Сепак, Стефановски се тркаше и на втората трка па на крајот финишираше како четврти во својата Група 1 во Категоријата 1. Победи Рони Братши од Чешка пред Карл Шагерл од Австрија, додека место на подиумот имаше и за Николај Златков исто така од Австрија.

За потсетување Иџе е лидер во генералниот поредок во својата група и сезонава има три победи. Последната трка е во Хрватска на патеката Бузет за точно две недели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе