Балкан Борба против Лажни вести Вести Македонија Свет

Над трилион долари се украдени со интернет измами низ цел свет, во таа бројка вклучени и жртвите на случајот Велес со лажните картички на Трамп- Битка со дезинформации и лажни реклами

Еден од податоците кои беа презентирани на конференцијата Point 2024 во Сараево, на која се разгледуваат и разменуваат регионалните искуства за борбата против дезинформациите во вестите, но и во рекламите беше застрашувачки. Цифрата беше во долари и изнесуваше неверојатни 1,026 трилион.

Односно 1,026 трилиони долари тежат интернет измамите со лажни реклами, со извлекување податоци преку лажни мејлови, со продажба на непостоечки производи.  Според овој податок извлечен од анализата на GASA, Глобална алијанса против дигиталните измами, излегува дека секој 4-ти граѓанин на планетата кој пристапил на интернет, барем еднаш бил жртва и изгубил пари на онлајн измама.

Податокот го сподели новинарот Крејг Силверман кој работи во американска Propublica. Го опишуваат како голем борец против лажните вести и дезинформациите, а последните истражувања ги насочува кон истражување на пазарот на интернет реклами кои огласувачите-компаниите ги плаќаат на социјалните мрежи како Фејсбук или Youtube,  а потоа овие компании ги разделуваат на веб сајтови или профили кои имаат голема публика и кликови.

Но, според Силверман, токму тука е проблемот бидејќи многу често најотварани содржини на интрнет или на социјални мрежи се лажни вести или измами за некој лек или совети за брза заработувачка. Иако се базирани на лажни вести и дезинформации, тие содржини добиваат солидна сума пари за интернет реклами кои им ги доделуваат сервисите како Googleads. Истите пари потоа дополнително се вложуваат во креирање на нови измами и дезинформации и на измамникот му носат нов ќар и профит.

-Постои одговорност на платформата ако сте Google или компанија за интернет реклами, а имате политика на платформата која вели: „Не дозволуваме измамнички реклами, не дозволуваме финансиски да ја злоупотребувате заедницата“ итн. Тоа се политики и речиси секоја рекламна мрежа ги има , така што рекламите не треба да воопшто дозволени на креатори кои шират таква содржина, рече Силверман и посочи дека големите технолошки компании не го прават тоа и ги доделуваат рекламите на оној кој има публика без разлика дали содржината на која се „лепи“ таа реклама е точна или е измама и лажна вест.

Интернетот често се користи и за продажба на конкретни работи за одредена цена иако во реалноста тие не вредат. Кривично или криминално гледано станува збор за измами.

Една таква измама која беше спомната на овогодинешната Point конференција беше пример од Македонија, новиот случај со Велес и со Трамп во главни улоги. Станува збор за измама со продажба на невалидни кредитни картички со ликот на Трамп кои што ги купуваа наивни постари Американци сметајќи на тој начин ќе му помогнат тој да стане повторно претседател на САД, а потоа парите кои ги дале ќе им вредат и по десетпати повеќе.

Случајот го откри Радио Слободна Европа, а насловот на сесијата беше како во филмовите на „Ѕвездените војни“- Велес повторно напаѓа. Уредничката од Слободна Европа, Мирјана Јевтовиќ раскажа како целиот случај е истражуван и како на крај измамата е утврдена дека е плод на операција во градот Велес, познат по ширењето на лажни вести во полза на Трамп пред неговите победнички избори во 2016-та.

Од конференцијата Point 2024, Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран ги откажа летовите од сите аеродроми од вечерва во 21 часот до изутрина во 6 часот

Дејан Дејан

Ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на гасот – српскиот премир Милош Вучевиќ утре гостин на Мицкоски

Дејан Дејан

Ирмела и Јасмин беа неразделни – младиот брачен пар пронајден во прегратка под урнатините во Долна Јабланица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе