Две момчиња на возраст од 16 и 17 години се уапсени во Белград и се осомничени за тешко убиство откако завчера го претепаа до смрт Ѓорѓе Миљатовиќ. Двајцата напаѓачи заедно имаат помалку од 34 години додека убиениот кој е и татко на две деца –имаше 37 години.
Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека полицијата ги идентификувала двајцата напаѓачи на Миљатовиќ, братот на потпретседателот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина. 16-годишниот Ф.Б. е уапсен додека вториот малолетник Н. З (17) сам се предал на полицијата во Белград.
Малолетниците се осомничени за кривично дело тешко убиство. Ф. Б денеска беше на распит во Вишото јавно обвинителство, по што му е одреден притвор од 30 дена. И за вториот осомничен малолетник предвиден е распит кај обвинител и притвор.
Малолетниците се осомничени дека со неколку удари во главата му нанеле тешки телесни повреди на Мијатовиќ, кој почина неколку часа подоцна.
Пред убиството, синот на Мијатовиќ вчера му се пожалил на својот татко дека во паркот на Вождовац го малтретирале млади луѓе. Мијатовиќ потоа отишол кај нив, а по кратка дискусија тие го нападнале и го претепале. Двајца малолетни хулигани избегале.
Миљатовиќ во тешка состојба бил примен во болница каде им подлегнал на повредите.
View this post on Instagram