Балкан Вести Свет

Во Србија овој викенд ќе се одржат локални избори

Во Србија е пред крај изборната кампања за претстојните избори за изборот на членовите на Собранието на градот Белград, но и за 14 други градови и за 74 локални самоуправи. Овие избори се значајни, бидејќи може да го променат политичкиот пејзаж на главниот град, каде опозицијата и покрај бојкотот на поголемите партии, се надева на победа против владејачката Српска напредна партија (СНС).

Овие избори се важни поради бројните нерегуларности при претходните избори во декември 2023 година и неуспехот на партиите согласно изборните резултати да формираат власт и да изберат нов градоначалник на Белград.

По обвинувањата за купување гласови и злоупотреба на јавни ресурси и протестите, опозициските партии бараа промени во законот за локални избори за да се обезбеди праведност и транспарентност на изборниот процес. По разговорите со власта, согласно препораките на ОБСE и по консултациите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ изборите за Белград се повторуваат и се одржуваат на ист датум со локалните избори на 2 јуни.

Измени се направени на избирачките списоци, па согласно измените на Законот за единствениот избирачки список, усвоени во Собранието на Србија, гласачите кои го промениле местото на живеење по 3 јули 2023 година нема да можат да гласаат на својата нова адреса на претстојните локални и белградски избори.

Во екот на овие преговори меѓу власта и опозицијата, дојде до разидување во редовите на опозициската коалиција Србија против насилството, по што изборите за град Белград ќе ги бојкотираат Партијата за слобода и правда (ССП), Нов ДСС (НАДА), Срце и Заедно, додека на локално ниво тие ќе настапат согласно одлуките за коалицирање на локалните одбори на овие партии со останатите од СПН.

За изборите за градското собрание на Белград ќе учествуваат 14 изборни листи.

Опозициските партии од поранешната коалиција „Србија против насилството“ кои нема да ги бојкотират изборите-Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Еколошкото востание и Новото лице на Србија одат во коалиција со изборната листа „Го избираме Белград – Добрица Веселиновиќ – Милош Павловиќ“.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ќе бара одговорност од сите, Стоиљковиќ ќе го реорганизира „министерството на Артан Груби“

Дејан Дејан

Нетанјаху го распушти воениот кабинет – за војната во Газа ќе се советува со мала група на министри

Дејан Дејан

Груевски се жали во судот во Стразбур за предметот „Тенк“ – објавено на што се однесува апликацијата и прашањата што треба да ги одговори државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе