Европската Унија останува посветена на европската перспектива на Македонија, порача евроамбасадорот Михалис Рокас, но нагласи дека консензус мора да се постигне и за некои од реформите за владеењето на правото кои се клучни за напредокот.
На седницата на Националниот совет за евроинтеграции, власта и опозицијата изнесоа спротивставени оценки за состојбата на европскиот пат.
Од една страна се посочуваат постигнатите реформи и финансиската поддршка од ЕУ, а од друга се предупредува на застој и губење на европската перспектива… Сите пораки се сведоа на едно прашање – дали земјата ќе направи нов чекор кон ЕУ или ќе остане во статус кво.
