Вести Македонија Најважни

Во Скопје дувал ураган со брзина од 130 километри на час – најсилен скопски ветер измерен по 36 години

Силното невреме кое вчера го погоди Скопје според класификацијата за јачина на ветар е оркан – ураган кој бил со јачина од 130 километри на час. Максималната брзина на ветрот е измерена во Штип во 17 часот, каде дувал оркан со јачина од 134 километри на час со правец запад – северозапад.  Како што појаснуваат од УХМР оркан – ураган е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и големи штети.

Ветер со јачина  исто од 130 километри е регистриран и во Ново Село во Струмица. Во скопско во 1990-та, имало силен ветер со брзина од 147 километри на час. Во февруари 1990-тата, УХМР регистрирал ветар во главниот град со оваа рекордна брзина и до вчера, повеќе од 36 години немало толку силни удари на ветер во Скопје.

Максимална брзина на ветер во Македонија била измерена во Штип во јули 2012-та година кога „дувало“ со 155 километри на час, ни одговорија од УХМР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе