Министерот за здравство Сашо Клековски соопшти дека продолжува да се намалува бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентеритис во Гостивар.
Според податоците од здравствените установи, бројот на прегледи во болницата и Здравствениот дом е значително помал во однос на претходните денови. Надлежните оценуваат дека трендот укажува на постепено смирување на состојбата. Минстерот исткна дека се очекува планот кој треба да го соопштат екипите од Скопски Водовод во соработка со гостиварскиот за тоа како ќе се постапува во иднина за да се прочисти водата во Гостивар.
