Вести Македонија Најважни

Трикратно зголемен бројот на деца кои утрово беа во вакциналните пунктови

И на почетокот на оваа недела трикратно зголемен бројот на деца кои утрово беа во вакциналните пунктови, по стапувањето на сила на мерката во градинките да се примаат деца со три примени дози за ди-те-пер, со услов во наредните шест месеци тие да ја примат и ревакцината. Граѓаните велат дека можело и поблаги да бидат мерките, но согласни се дека вакциналниот картон треба да се почитува. Доколку детето не оди во градинка чувањето дома не е секогаш опција која секој може да си ја дозволи, велат оние кои дојдоа на вакцинација со своите внуци. Најчеста причина се настинките на детето за подоцна да ги вакцинираат.

  • Дури сега ќе прими вакцина, а ние сме четири недели во чување од сабајле до вечер. Среќа што  нѐ имааат нас, ја носиме ја враќаме.
  • И денес претпоставувам ќе тргне во градинка ?
  • Да, ќе тргне, треба од утре, денес не верувам. Утре ако нема проблем со вакцината би требало да оди во градинка.

Велат дека различни се причините поради кои ја пролонгирале вакцината, сепак мерките се причина тоа да го сторат побрзо, затоа и денес дошле да ја примат третата доза.

  • Таа не ја прими во тие 18 месеци, две недели беше болна. Потоа беше Ковид пандемијата и тоа блокираше, овој пункт го направија вакцинален пункт за Ковид, така што поминаа две години и мама и тато заборавија кога беше, како беше да се примат и  сега кога мораше да се примат дојдовме. Добро е да се примат сите вакцини, ние ги примавме на времето сите, не нѐ прашуваа, ќе дојдеа во училиште, спремни рацете и примавме сите вакцини по ред, велат граѓаните.

Во вакциналните пунктови редици родители со своите деца.  Медицинските лица со апел до родителите да не ги пролонгираат вакцините , за да не се соочуваме со поразителни факти дека дури 50 % проценти од децата кои посетуваат градинки се невакцинирани или делумно вакцинирани, за што говорат вонредните инспекциски надзори на Државниот санитарен и здравствен  инспектоорат.

  • Интересот е се уште зголемен можам да кажам. Поголем е бројот на деца кои што примаат ревакцина, која што е заборавена или пропуштена од одредени причини, значи тоа се поголеми дечиња на две, три, четиригодишна возраст, помал е бројот на деца кои треба да се вакцинираат со трета примена доза. Со три дози се постигнува одредена заштита нели, меѓутоа и подолго би траела заштитата доколку се прими и бустерот доза. Затоа апелирам до родителите и ги повикувам родителите да ги вакцинираат децата редовно по календарот за вакцинација и тие што пропуштиле во најбрзо време да дојдат да ги примат, д-р Бети Гелејчевска – Илкоска, вакцинален пункт поликлиника „Букурешт“.

Во моментов на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата„Козле“ се хоспитализирани 4 пациенти со потврден пертусис. Три се доенчиња кои се невакцинирани и едно предучилишно дете со примени три дози  ДиТеПер вакцина во тек на првата години, но без ревакцина. Сите се со стабилна клиничка слика.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе