Вести Македонија Најважни

Две ипол месечно бебе е четвртиот случај со голема кашлица

На клиниката во Козле пред пет дена потврден уште еден, четврт случај годинава, на голема кашлица.

Станува збор за две ипол месечно бебе кое на клиниката било донесено со влошена здравствена состојба но од клиниката информираат дека неговата состојба сега е стабилна.

Главната карактеристика на болеста е кашлица во напади која може да трае со недели.

Покрај кашлицата болеста може да предизвика компликации на респираторниот и нервниот систем кои пак може да остават трајни последици на мозочната функција и невролошкиот развој кај децата.

Кај сите пациенти кај кои до сега е констатирани присуството на пертусист заедничко е тоа што не биле вакцинирани.

По појавата на болеста опфатот со вакцинација со ДТПР е зголемен велат надлежните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе