Вести Македонија Најважни

Изборниот законик ќе се менува во последен момент

Собранието ја задржува лошата пракса да го менува Изборниот законик во последен час. Иако поминаа повеќе од два месеци откако Работната група изработи драфт верзија за неопходните измени,  законот го нема во собраниска процедура.

Сите партии се согласни дека треба да се прифатат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но неизвесно останува дали им е прифатливо укинувањето на платеното политичко рекламирање.

„Изготвени се измените на Изборниот законик според препораките на ОБСЕ ОДИХР“. Оваа вест е стара повеќе од месец и половина. Ја испрати Министерството за правда до медиумите, но и до пратениците.

Ним им ја препушти и одговорноста да одлучат: дали платеното политичко рекламирање ќе остане на товар на државата, или ќе се прифатат спротивните препораки на ОБСЕ и на стручната јавност.

Две/три недели пред распишувањето на изборите, ова прашање сѐ уште не е отворено, па ни затворено во Собранието. Партиите уверуваат дека нема дилема околу потребата за менување на изборната регулатива.

Во ДИК веќе се прават пресметки колку пари ќе се потрошат и за што, согласно неизменетиот и актуелен Изборен законик. Проценуваат дека претседателските и парламентарните избори заедно ќе чинат 17 милиони евра.

Повеќе од половината, или околу 10 милиони евра, државата ќе треба да одвои за предизборно рекламирање на партиите.

Работната група ги усвои измените во почетокот на ноември. Зад нивниот предлог за укинување на државното финансирање застана и првиот човек на Министерството за правда Кренар Лога.

Но, дефинитивната одлука се чека од дијалогот меѓу парламентарните партии. А тие, дури и ако не отвараат други прашања бидејќи нема време, дури и ако постигнат договор за ова прашање уште утре, пак нема да ја испочитуваат една од основните препораки на ОБСЕ ОДИХР: да не се менуваат изборните правила барем шест месеци пред избори.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе