Вести Најважни Свет

(видео)Пожар од невидени размери во близина на Осијек, Хрватска- гори пластична амбалажа

Синоќа, околу 40 минути по полноќ, избувна пожар во дворот на фабриката „Драва Интернационал“ во Осиекската населба Брест, во Хрватска.

Според хрватската полиција, гори пластична маса и амбалажа, а околу 100 пожарникари го гаснат пожарот.

Системот за предупредување се огласи за граѓаните на Осиек од 5 часот утринава.

„Досега, кога зборуваме за подрачјето на градот Осиек, пожарот е од невидени размери. Според моја проценка, повеќе од неколку илјади квадратни метри. Гори пластика, односно пластика складирана во бали , балите се долги повеќе од пет метри“, изјави началникот на градската заштита на цивилниот штаб Драган Вулин.

Во гаснењето учествува и робот за гасење пожар на цивилната одбрана. Граѓаните добија порака во која се вели: „Ги замолуваме сите граѓани да ги затворат прозорците и да не излегуваат непотребно на отворено поради можните штетни ефекти од гасовите настанати како резултат на пластичните пожари“, рече Вулин.

  • Температурата што се создава е неверојатна, едноставно кажано страшна, не можеш да се приближиш поблиску од 30 метри затоа што се топи опремата кај нас. Хидрантската мрежа внатре во фабриката остана без вода, па одвреме-навреме во клучни моменти остануваме без вода, а и да имавме вода ќе беше многу тешко да се изгасне пожарот. Засега сите сме живи и здрави, но ова е пекол. Друг збор нема. Вакво нешто досега не сум видел“, изјави за „Глас на Славонија“ Борис Бањан, заменик командант на Јавната противпожарна бригада Осиек.

Токсиколозите предупредуваат на можни здравствени проблеми кај луѓето поради големиот пожар што избувна синоќа во близина на Осиек.

Јаглерод моноксид и диоксид,ќе се таложат во полињата и водите и проблемите ќе бидат далекусежни. Затоа секој полицаец и пожарникар кој учествувал во акцијата за гаснење на огнот мора да се јави на лекар.

Првиот човек на Осијечко-барањската област, Иван Анушиќ,  во изјава за хрватските медиуми рече дека дека изминатите 20 години се предупредувало за начинот на одлагање на пластиката во фирмата „Драва интернешнл“, а сега е потребна детална истрага за утврдување на пропустите во овој случај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијата на претходна постапка верува во доказите на обвинителот – 30 дена притвор за врховниот судија Наќе Геогриев

Дејан Дејан

Израел срамни со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите во Рафа

Дејан Дејан

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче и дека бил во бегство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе