Балкан Вести Најважни Свет

Заврши теренската истрага во Бањска – Приштина одлучува дали да дозволи слободно движење

Заврши операцијата на косовската полиција во селото Бањска. Претресен е теренот, пронајдено е оружје и друга воена опрема.

Влезот во селото сепак се уште не е дозволен, освен жителите на Бањска, изјави за Ќосев Ветон Ељшани, заменик командант на косовската полиција во северниот регион.

Денеска, Приштина треба да одлучи „како понатаму“, односно дали ќе дозволи слободно движење во Бањска. Полицијата се уште е на терен.

И во текот на вчерашниот ден беше запленето оружје, пронајдени се ловечки пушки.

Властите на Косово вчера објавија ново видео од вооружената група во манастирот во селото Бањска со кое тврдат дека меѓу униформираните вооружени лица кои се судриле со косовската полиција е и потпретседателот на Српска листа, Милан Радоичиќ… Главниот криминалец Радоичиќ беше водач на оваа терористичка група и нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку… Ова е уште еден доказ за неговата терористичка активност против Република Косово… Потпретседателот на Српската листа е лидер на терористичкиот напад и терористичката група“, напиша косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља во објавата на Фејсбук…Тој го обвини претседателот на Србија Александар Вучиќ дека преку Српската листа има преземено терористички акции против правниот и уставниот поредок на Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полициско возило со тројца полициски службеници излетало на патот Охрид-Кичево- повредените се пренесени во болница

Дејан Дејан

Пратеникот Арсовски потврди дека нивен активист е предложен за член на Советот за граѓански надзор

Дејан Дејан

Платформата за ХИВ апелира да се врати минимален буџет од 130 милиони денари за заштита на населението од оваа инфекција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе