Вести Македонија Најважни

Бројот на загинати доближува до 20.000 – проценките се дека под урнатините има 180.000 луѓе

Повеќе од три цели денови после земјотресот кој ги погоди регионите на југоисточна Труција и северозападна Сирија, спасувачите не се откажуваат од потрагата по преживеани под урнатините. Нивните напори продолжуваат длабоко во ноќта, под рефелктори и на минусни температури. Исцрпеноста и студот се забораваат секогаш кога ќе успеат да излечат живо лице.

Секоја странска спасувачка екипа што пристигнува во погодените региони, веднаш се фрла на работа. Но, времето истекува, а очајот се зголемува, особено што властите стравуваат дека бројот на затрупани под урнатите згради е застрашувачки голем, над 100.000 лица, а некои проценуваат дека може да надминува и 180.000. Веќе е потврдена смртта на повеќе од 17.000 лица, а бројот на повредени се приближува на 100.000 лица.

  • Ова е од размер кој е едноставно шокантен. Мислам дека бројките кои ги гледаме, знаете, се релативно мали во споредба со тие што треба да ги очекуваме.“, вели д-р Џорџ Чампас – специјалист по итна медицина

Во многу голем дел од разурнатите населби, спасувачите воопшто не пристигнале, а еден од најпогодените региони, Хатај, има многу бегалци од Сирија, кои сами и со голи раце ги пребаруваат урнатините.

  • Внатре има четири, извадивме две, но две веќе со часови се заглавени внатре. Ги слушаме и тие одговараат. Потребни ни се спасувачки екипи, апелирам до целиот свет и меѓународната заедница, да ни помогнат да ги спасиме децата.“, вели Абдулкадер Баракат – Сириски бегалец во Антакија

Временските услови ја зголемуваат мизаеријата на преживеаните, стотиците илјади кои останаа без покрив над главата, без храна и вода, под отворено небо на смрзнувачки температури. Ваквите услови ги натераа хуманитарните работници кои се веќе на терен да побараат итна помош, од храна, лекови и санитарни средства, до топла облека и засолништа.

Во меѓувреме, првиот конвој со хуманитарна помош од ООН пристигна во Сирија.

  • Овој конвој е првичниот одговор на ООН и ќе биде следен од многу поголеми конвои во следните денови, како што ни ветија од ООН и Турција.“, вели Мазен Алуш – службеник на граничниот премин Баб ал Хава

Погодениот регион на северот од земјата е поделен помеѓу сириските бунтовници, курдските сили, исламските екстремисти, турската армија и секако силите на режимот на Асад, поради што хуманитарните организации стравуваат дека распределувањето на помошта ќе оди многу тешко.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе