Над 100 автомобили и десетици тешки товарни возила се блокирани на границата меѓу Бугарија и Република Северна Македонија помеѓу граничните премини „Гешево“ и „Деве Баир“. Во автомобилите запрени на граница се и луѓе кои одат во Скопје на за прославата на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Сообраќајот беше прекинат околу 9 часот утринава (бугарско време), поради неисправност на компјутерскиот исстем за проверка на пасоши.
Меѓу запрените автомобили има и со регистрации од Србија и Северна Македонија.
Неколку бугарски државјани денеска обидувајќи се да влезат на граничниот премин Деве Баир со навреди и недолично однесување реагираа на запирањето од страна на македонската граничната полиција која ги упати да чекаат во нивните возила. Заканувајќи им се на новинарите дека ќе им ја искрши камерата доколку ја снимаат расправијата, бугарскиот државјанин почна да се расправа и со новинарските екипи кои снимаа на преминот.
Македонската полиција ги упатуваше бугарските државјани кои чекаа за влез во Македонија да чекаат во колоната а МВР претходно извести дека системот на граничните премини е во колапс и се пропуштаат само итни случаи.
. Претходно Министерот за внатрешни работи на Бугарија Демирџиев извести дека околу 100 до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје на одбележување на раѓањето на Гоце Делчев.Тој во изјава за БНР нагласи дека припадници на бугарското МВР , ангажирани за безбедноста на бугарската делегација , биле испрашувани на границата околу 40 минути.
Демирџиев вели дека има список со 14 лица бугарски граѓани за кои е дадена забрана за учество на одбележувањето на 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев затоа што би можело да предизвикаат провокации .
Тој повика годишнината од Гоце Делчев да не стане повод за повици на насилство.
„Ја користам приликата да ја повикам личноста на Гоце Делчев, кој припаѓа на историјата, да не се користи за повици на насилство. Почитта кон него се изразува со смирение и почит. Ваквите повици уништуваат мостови, а ако сакаме да бидеме дел од Европа, мора да ги градиме, а не да ги уништуваме мостовите меѓу нас. Затоа, ги повикувам политичарите да не попуштаат на ваквата провокација, да ја задржат присебноста и смиреноста. Силно се надевам дека следниот пат заедно ќе положуваме цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Јас предложив тоа да се случи денеска, во моментов не беше прифатено од македонска страна, но верувам дека следната година тоа може да се случи“, рече тој.
Според бугарското радио границата со Република Северна Македонија е затворена, а оние што ја напуштаат Бугарија се запрени на меѓу-просторот. Сообраќајот е затворен од околу 9.30 часот по бугарско време, а околу 100 луѓе во моментов чекаат да бидат пропуштени.
Според бугарската телевизија дел од луѓето кои чекаат да влезат во МКД и на кои им е укажано дека не работи компјутерскиот систем за проверка на податоци, се заканиле дека ќе блокираат влез на автомобили и лица во Бугарија…
Првите патници за Скопје рано утрото ја минаа границата. Бугарската делегација утринава околу 5 часот и 30 минути пристигнала во РСМ, соопштија од царинскиот пункт Ѓуешево. Заедно со делегацијата се обиделе да влезат и новинари, но дел од нив биле вратени назад.
Бугарската делегација, предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, се очекува да му оддаде почит околу 12 часот по локално време.
Снимката е од Виктор Стојанов од Фондација „Македонија“.
