Вести Свет Топ вести

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Двестотини пожари се надвор од контрола во Канада, а чадот од нив прекри милиони луѓе на североистокот на САД. Најновите податоци на канадските власти, во земјата се активни 893 пожари од кои 209 се неконтролирани, пренесуваат светските агенции.

Особено на удар е Онтарио чии власти побараа помош од федералната влада. Засега не се регистрирани жртви во тамошните пожари, но неколку изолирани места мораа да бидат евакуирани.

Чадот од Канада драстично го влоши квалитетот на воздух во Торонто, како и на американскиот исток, поттикнувајќи загриженост во пресрет на финалето на Светското првенство во фудбал во Њујорк.

Според податоците на швајцарските компанија IQAir, Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк денеска беа најзагадени градови во светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Апел на градоначалникот Лимани до гостиварци: Останете смирени и почитувајте ја привремената забрана за пиење на водата од градскиот водовод

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе