Вести Свет Топ вести

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Осум лица загинаа, а 62 се повредени откако украински беспилотни летала нападнаа два магацина на најголемиот руски онлајн трговец „Wildberries, соопштија руските власти.

Седум лица загинале, а 25 биле повредени во магацин во градот Тамбов, кој се наоѓа околу 475 километри југоисточно од Москва. Уште едно лице загинало, а 37 биле повредени при напад врз друг магацин на „Wildberries“ во градот Електростал, во Московската област.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападите погодиле „големи логистички објекти“ кои биле користени за снабдување со санкционирани компоненти за производство на дронови и навигациска опрема.

Тој додаде дека Украина исто така извршила напади врз цели во Азовското Море, Црното Море и на Крим.

Непотврдени снимки од местото на еден од нападите покажуваат силен пожар и огромни облаци од црн чад што се издигаат од голем објект, додека десетици работници бегаат кон паркингот.

Зеленски рече дека украинските операции се одговор на „руските напади врз нашата цивилна инфраструктура, нашите градови и заедници“. Во текот на ноќта кон средата, 14 лица загинаа во руски напади низ Украина.

„Wildberries“ често се опишува како руски еквивалент на Amazon. Компанијата RWB Group, која ги обединува „Wildberries“ и рекламната компанија Russ, во 2026 година била проценета на околу 12,6 милијарди американски долари

Извршната директорка на „Wildberries“, Татјана Ким, изјави дека ова била „страшна ноќ“ и за Русија и за компанијата.

„Седум лица кои работеа во ноќната смена загинаа на самото место“, напиша на Телеграм гувернерот на Тамбовската област, Евгениј Первишов, додавајќи дека 28 беспилотни летала биле соборени пред да стигнат до целта.

Тој соопшти дека 25 лица биле повредени, од кои седум се во тешка состојба. Повеќето повреди биле предизвикани од шрапнели.

Во меѓувреме, гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, изјави дека осум од повредените во нападот врз магацинот на Wildberries во Електростал се во тешка состојба.

Украина во последно време ги засили нападите со беспилотни летала со долг дострел врз критичната енергетска инфраструктура на Русија, што предизвика значителен недостиг на гориво. Претходно овој месец, Киев соопшти дека речиси 43% од рускиот капацитет за рафинирање на нафта бил „онеспособен“ како резултат на овие напади.

Украина тврди дека руските нафтени и гасни објекти се легитимни воени цели, бидејќи Москва во голема мера се потпира на извозот на фосилни горива за финансирање на својата инвазија врз Украина, која започна во февруари 2022 година.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месецпризна дека недостигот на гориво е предизвикан од украинските напади, а на почетокот на јули потпиша закон со кој треба да се зголеми снабдувањето на домашниот пазар со гориво.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судствотото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе