Вести Економија Македонија Топ вести

Скопје Север работи и на мазут, допрва се бара компанија за мерење на штетните гасови

Топланата Скопје Север работи комбинирано и на гас и на мазут. Тоа се должи на фактот дека топланата Север нема доволно финансиски средства да обезбеди гас за непречена работа до крајот на сезоната, па затоа ќе го користи и мазутот кој го има во резерва. Иако има еколошка дозвола, според неа обврзан е да ги мери и да не ги премине границите на емисиите во воздух кои се наведени во дозволата во соодветниот временски период.

Операторот ќе врши мониторинг на параметрите наведени во Табелите 6.1.5 (а) и 6.1.5 (б), на точките на емисија и најмалку со фреквенции наведени во тие tабели во зависност од енергенсот кој го користи соодветниот временски период  6.1.4 Доколку Операторот ги стартува и ги стави во функција котлите на енергенс мазут, без одлагање треба да го извести Надлежниот орган, да изврши мерења на емисиите при стартување и да ги достави извештаите од мерењата до Надлежниот орган.

Првиот човек на Топланата Куштрим Рамадани тврди дека користи мазут од сопствените резерви, но за сега нема податок од кога е мазутот и каков е неговиот квалитет. Топланата Скопје Север има Б интегрирана еколошка дозвола издадена од Град Скопје, а раководството со оваа дозвола има обврска согласно точките 2.2.6 и 2.3.7 од неа, да ги извести надлежните органи и да доставува спецификација за квалитетот и количината на горивото, и да се мери количината на штетни материи кои се испуштаат во воздухот.

Кога Операторот ќе користи мазут како погонско гориво ќе го извести надлежниот орган и ќе доставува спецификација за квалитет и количина на горивото и истото ќе биде во согласност со Правилникот за квалитет натечни горива (“Службен весник на Република Македонија’’ бр.81/09).  ,,  Во услови на користење на мазут како погонско гориво, Операторот сеобврзува да ја достави количината на создадениот депозит при перење котли, негова хемиска анализа и договор за превземање на депозитот со превземачот, вели рамадани.

Директорот Рамадани соопшти дека распишал тендер за фирма која ќе го мери загадувањето. Преговорите меѓу раководството на топланата Север и Владата, односно ЕСМ, траат речиси еден месец, но договор или финансиска помош нема, а во игра е и закуп на топланата по принципот на топланите Исток и Запад.

Рамадани: Секако дека гасот е далеку поприфатлив, но загадувањето од мазутот ќе биде минорно

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе