Четири лица се задржани на болничко лекување од кои тројца се возрасни, а едно дете, како последица на труењето во Гостивар, информира министерот за здравство, Сашо Клековски.
Тој додаде дека бројот на лица кои побарале медицинска помош е над 3.000. Според Клековски, растот на бројот на пациенти е поради фактот дека податоците за бројот на заболени кои биле споделени со јавноста за време на викендот се однесувале само на бројот на пацциенти кои побрале лекарска помош во болницата во Гостивар, а не и во здравствениот дом.
Најголем број (600-тини) биле регистрирани на 18 јули. Повици биле евидентирани и во службата за Итна помош чии екипи интервенирале во 112 случаи.
Хронлошки, според Клековски првиот наплив на пациенти е забележан на 14 јули кога лекарска помош побарале околу 300 пациенти и од тогаш бројот на заболени растел секојдневно. На 15 јули со симптоми на дијареа се пријавиле над 500 пациенти, на 16 јули – 380, на 17 – 572, а на 18 околу 649. Од вчера бројот на граѓани кои побарале здравствена помош почнал да се намалува.
Клековски истакна дека министерството за здравство ја добило првата службета информација за состојбата во Гостивар во петокот околу 13 часот од надлежниот Центар за јавно здравје.
