Вести Македонија Најважни

Уапсена е директорката на „Комуналец“ Асани и уште двајца други раководители за епидемијата во Гостивар

Полицијата ја уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, потврдија за Телма извори од истрагата.

Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници, техничкиот директор, Леон Нуредини, и раководителот на водоводот, Вадедин Дервиши.

Делата за кои се гонат се “Загадување вода за пиење” по член 219 од Кривичниот законик, поради сомнежи дека за да се зголеми притисокот во мрежата директно со пумпи се земала непрочистена вода.

Со членот 219 предвидени се и затворски казни за загадувачот, доколку истрагата го докаже кривичното дело.

Загадување вода за пиење
Член 219

(1) Тој што со некоја штетна материја ќе ја направи неупотреблива водата за пиење во извори, бунари, цистерни или резервоари или некоја друга вода за пиење, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2) Ако поради делото од став 1 дошло до појава на епидемија на заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една година до пет години.

(3) Ако делото од став 1 е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

(4) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Се очекува двајцата наскоро да се појават пред обвинителството, а судијата на претходна постапка ќе им одреди мерки на претпазливост.

Директорката на гостиварскиот водовод за Телма: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода – меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Медијаторите со нов обид за дипломатските излез, додека нападите меѓу САД и Иран продолжуваат

Igor Trajkov

Директорката на ЈП Комуналец Гостивар е во полициска станица

Kristina Kuzmanovski

Фекалии лебдат на површината на велешко езеро, испитувањата покажале дека водата не е за капење, но е за наводнување

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе