Вести Економија

Рамадани: Секако дека гасот е далеку поприфатлив, но загадувањето од мазутот ќе биде минорно

Директорот на Топланата Скопје Север Куштрим Рамадани потврди дека се разговарало за закуп на топланата, по примерот на топланите Исток и Запад. Но, вели дека не разбира што ќе смени тоа во врска со државната помош.

Ние мислиме дека сме обесправени во таква сутиација. Тоа му доаѓа како да одиме од Скопје за Куманово преку Охрид, вели рамадани.

Топланата Скопје Север работи на гас и користи и алтернативно гориво мазут, потврди директорот Куштрим Рамадани, појаснувајќи дека тоа се прави за да се провери дали сите постројки се во функција, но и поради цената на гасот, поради што мазутот бил поисплатлив.

Ние имаме обврска според Законот за енергетика да чуваме залихи за алтернативно гориво. Така да од тие залихи што ги имаме во Скопје Север употребуваме мазут како алтернативно гориво. Согласно дозволата што ја имаме, согласно законот, се известени истиот ден кога ја започнавме пробата на постројките, изјави Рамадани.

Во врска со влијанието на мазутот врз квалитетот на воздухот во главниот град и ефектите врз животната средина, Рамадани вели дека мерењата ќе бидат направени во следните денови.

Секако дека природнито гас е доста поприфатлив за околината, но кога гледаме секој ден со дивите депонии колку се загадува, ова загадување е минорно, смета Рамадани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе