ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја повика локалната власт во Гостивар, предводена од коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, да понесе одговорност за случајот со загадената вода, по кој голем број граѓани побараа лекарска помош.
Од партијата наведуваат дека за време на локалните избори биле дадени ветувања за подобри услови за живот, но дека, според нив, жителите на Гостивар се соочиле со сериозен проблем со безбедноста на водата за пиење.
„Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата.
СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли.
Но, една работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со Модуларната болница каде токму поради Филипче живи изгореа 14 наши сограѓани, а тој не беше повикан ниту на информативен разговор, затоа што неговите судии и обвинители го штитат, и на крај кабелот беше виновен.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е задно со Гостиварчани, а надлежните институции се ставени на располагање на граѓаните“, пишува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
