Вести Свет Топ вести

Путин се појави на најавеното прво јавно обраќање од почетокот на инвазијата во Украина

Претседателот на русија Владимир Путин синоќа требаше да го има првото јавно обраќање од почетокот на инвазијата во Украина и се очекуваше да зборува за планираните референдуми, но по неколкучасовното чекање, државните медиуми индиректно потврдија дека говорот е одложен.

Обраќањето на Путин беше презакажано за денеска и денеска и се одржа.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави делумна мобилизација во земјата со цел да се зголеми бројот на војници во воениот конфликт во Украина.

Во обраќањето што го пренесе руската телевизија Прва, Путин изјави дека делумната мобилизација се однесува на резервисти со искуство кои, како што најави, ќе поминат претходна воена обука.

Путин рече дека веќе го потпишал указот за делумна мобилизација, која ќе започне денеска

Според украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба русите може да прават што сакаат но Украина има право да ги ослободи своите територии.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини Русија дека ја враќа ерата на империи и колонии и ги опиша референдумите како пародија, додека Пентагон кажа дека најавите за референдуми покажуваат дека руската војска се наоѓа во тешка состојба.

А еве што велат и руските државјани по однос на најавеното референдумско изјаснување во украинските региони со мнозинско руско население:

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе