Вести Ковид19 Македонија

Додека се фрлаат старите вакцини, се преговара за нови – Македонија ги бара најновите засилени дози против Ковид

Здравствените власти отвориле преговори за нови и засилени анти-Ковид вакцини.

Детали не откриваат ниту пак се споменуваат некакви датуми, но од Министерството за здравство го потврдуваат интересот за најновите и развиени вакцини кои подобро штитат од новите мутации на вирусот.

На нив се однесува и најновата препорака од Европската агенција за лекови од каде што дадоа „зелено светло“ за бивалентна вакцина развиена од „Фајзер“, која таргетира посебна мутација на Омикрон исто како што е ефикасна и за оригиналниот сој на вирусот, кој се појави во Кина пред три години.

Европската агенција за лекови препорачува вакцините да се даваат на лица постари од 12 години кои ја примиле барем првичната вакцина против коронавирусот, но за одлуката да стапи на сила ќе треба да помине низ уште еден филтер – Европската комисија.

„Министерството за здравство преку Комисијата за заразни болести во континуитет ги следи препораките во однос на сите аспекти за Ковид-пандемијата, вклучувајќи ја и имунизацијата. Во моментов сме во преговори за обезбедување на овие вакцини, а јавноста навремено ќе биде информирана по прецизирањето на останатите аспекти и наредните чекори“ соопштуваат од Министерството за здравство.

Во Хрватска вчера започна вакцинацијата со новите и адаптирани вакцини против. Во низата се редат и западноевропските земји.

Во меѓувреме, Македонија уште ги брои дозите останати како залиха од претходните набавки.

Во фрижидерите останале 250 илјади дози вакцини на „Фајзер“ со рок на траење до декември и уште 100 илјади од производителот „Модерна“ кои се употребливи уште еден месец.

Според насоките и правилата, вакцините на кои им поминува рокот најпрво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапката за нивно уништување заедно со Агенцијата за лекови.

Од Министерството за здравство информираат дека досега е добиена дозвола за уништување на речиси 66 илјади дози вакцини со поминат рок на употреба.

Официјалната веб-страница за Ковид-вакцинација брои 869 илјади вакцинирани лица, а според најновите информации од пунктовите, неделно за имунизација доаѓаат околу илјада лица.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе