Новиот англиски крал Чарлс трети за прв пат се обрати пред пратениците на долниот дом и Домот на Лордовите. Посетата е со цел пратениците да му изразат сочуство по смртта на кралицата.
Подоцна тој придружуван од Камила, Кралицата Консорт ќе лета за Единбург ќе оди зад ковчегот на кралицата од палатата Холирудхаус во Единбург до катедралата Сент Гилс.
Во 15:00 часот ќе се одржи богослужба за славење на животот на кралицата. Од 17:00 часот, јавноста ќе може да го погледне ковчегот кој 24 часа ќе лежи во катедралата.
Официјалните лица велат дека ќе биде воспоставен систем за чекање во редици, а дополнителни детали ќе бидат објавени наскоро. Оние кои присуствуваат се предупредени дека веројатно ќе има стоење неколку часа.
Вечерта, кралот Чарлс ќе бдее со другите членови на кралското семејство во катедралата Сент Гилс, каде што кралицата ќе почива.
Голем број шефови на држави и влади од целиот свет, како и дел европски кралици и кралеви, се очекува да присуствуваат на државниот погреб на кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора.
Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември, а на погребот ќе присуствува и македонскиот претседател Стево Пендаровски.
