Кралот Чарлс III денеска ќе ја направи својата прва посета како монарх на Парламентот, каде што парламентарците и лордовите ќе изразат сочувство за смртта на кралицата Елизабета, каде тој ќе го оддржи говор.
Подоцна денес, тој полета за Единбург каде што почива ковчегот на кралицата во палатата Холирудхаус. Членовите на кралското семејство ќе одат позади ковчегот за време на внесувањето во катедралата , кога ќе може да ги види и јавноста.
Погребот на кралицата ќе се одржи во Вестминстерската опатија во понеделник на 19 септември – тоа ќе биде државен празник.
Чарлс III беше прогласен за крал на церемонија во саботата.
