Вести Македонија Топ вести

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Комисијата за заштита на конкуренцијата купила три мобилни телефони од околу 3400 евра на тендер чии услови упатувале на конкретен производител и производи. Во набавката на услуги од такси превоз во вредност исто така од над 3400 евра имало ограничување на конкуренцијата и фаворизирање на одредени фирми.

Комисијата чија улога е да бави нефер трговски практики, според ревизорскиот извештај, делувала спротивно на Законот за јавни набавки. Комисијата не водела ни евиденција за работното време на 25 вработени, како и за изречените глоби.

„Одговорното лице да преземе мерки за континуирано евидентирање на предметите и побарувањата по основ на изречени глоби и да ја следи нивната наплата, стои во извештајот.“

Од комисијата реагираа дека ревизијата е направена за работењето во 2024 година, односно на претходниот состав.

„Актуелниот состав на Комисијата, по преземањето на функцијата, затекна сериозни институционални и организациски предизвици, меѓу кои и голем број нерешени предмети, дел од нив започнати уште во 2017 година. Истовремено, Комисијата за одлучување по прекршок подолг период не функционирала со полн капацитет, што придонело за застој во постапувањето и акумулирање на заостанати предмети, реагираат од Комисија за заштита од конкуренција.“

Оттаму уверуваат дека сега комисијата е функционална и за тоа говорат и

остварените резултати во прекршочните постапки. Во 2024 година биле изречени 3 решенија за глоби во износ од 32 илјади евра. Во 2025 имало 31 решение со глоби од околу 913 илјади евра. Во истиот период се наплатени 1,8 милиони евра.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тетовчанка пријавена за физички напад и закани кон свекрва

Kristina Kuzmanovski

Аудио- визуелно предавање за македонската рок музика вечерва во Загреб

Дејан Дејан

Водата во Крушево повторно безбедна за пиење

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе